Што е НАТО?
Изберете тема & откријте го НАТО
1 Земји-членки
Членки на НАТО
Најважни играчи во Организацијата на Северноатлантскиот договор се самите земји-членки.
Моментално има 30 членки
Сортирај по азбучен ред или Сортирај по датум
- Албанија (2009)
- Белгија (1949)
- Бугарија (2004)
- Германија (1955)
- Грција (1952)
- Данска (1949)
- Естонија (2004)
- Исланд (1949)
- Италија (1949)
- Канада (1949)
- Летонија (2004)
- Литванија (2004)
- Луксембург (1949)
- Норвешка (1949)
- Обединетото Кралство (1949)
- Полска (1999)
- Португалија (1949)
- Романија (2004)
- Северна Македонија (2020)
- Словачка (2004)
- Словенија (2004)
- Соединетите Држави (1949)
- Турција (1952)
- Унгарија (1999)
- Франција (1949)
- Холандија (1949)
- Хрватска (2009)
- Црна Гора (2017)
- Чешка Република (1999)
- Шпанија (1982)
Проширување на НАТО
Членството во НАТО е отворено за „секоја друга европска држава која е во ситуација да ги унапредува принципите на овој Договор и да учествува во безбедноста на Северноатлантската област“.
НАТО го има и тоа што се нарекува Акционен План за Членство. Тој им помага на земјите кои се стремат да станат членки да се подготват за членство и да ги исполнат клучните барања со давање практични совети и насочена помош.
2 Основни точки
3 Активности
4 Клучни настани
2001
Големите терористички напади во Њујорк и Вашингтон.
За прв пат, НАТО се повикува на Членот 5 и усвојува поширок пристап кон безбедноста
5 Работни структури
Земји-членки
Група за нуклеарно планирање
Северноатлантски
совет
Подредени комитети
Генерален секретар
Меѓународен персонал
Воен комитет
Меѓународен воен персонал
Операции на здружената команда
Трансформација
на здружената
команда
Интегрирана воена командна структура
-
Делегации на НАТО
Секоја земја-членка има постојана делегација во политичкото седиште на НАТО во Брисел. Секоја делегација ја предводи „амбасадор“, кој ја претставува неговата/нејзината влада во процесот на консултации и одлучување на Алијансата.
Затвори
-
Група за нуклеарно планирање
Групата за нуклеарно планирање го има истото овластување како и Северноатлантскиот совет во однос на прашањата за нуклеарната политика.
Затвори
-
САС: во срцето на НАТО
Северноатлантскиот совет (САС) е главно политичко тело за одлучување во НАТО. Секоја земја-членка има место во САС.
Тој одржува состаноци најмалку еднаш неделно или секогаш кога има потреба, на различни нивоа. Со него претседава Генералниот секретар кој им помага на членките да постигнат договор за клучни прашања.Затвори
-
Подредени комитети
НАТО има мрежа на комитети за справување со сите теми на својот дневен ред, од политички до потехнички прашања. Тие редовно ги поврзуваат националните претставници и експертите од сите земји-членки на НАТО.
Затвори
-
Агенции на НАТО
Агенциите и организациите на НАТО играат важна улога во колективните набавки и одржување на способностите. Тие специјализираат во технички области кои се надополнуваат и претставуваат составен дел од дневниот ред на НАТО: набавки, поддршка и комуникации и информации.
Затвори
-
Генерален секретар
Генералниот секретар е највисокиот меѓународен цивилен службеник на Алијансата. Тој/таа е одговорен/одговорна за водење на процесот на консултации и одлучување во Алијансата и се грижи за спроведување на одлуките. Генералниот секретар е, исто така, главниот портпарол на НАТО и стои на чело на Меѓународниот персонал на организацијата, кој дава совети, упатства и административна поддршка на националните делегации во седиштето на НАТО.
Затвори
-
Воена организација и структура
Кога спроведувањето на политичките одлуки има воени импликации, клучните актери кои се вклучени се: Воениот комитет, составен од началниците на генералштабовите на земјите-членки на НАТО, Меѓународниот воен персонал, извршното тело на Воениот комитет и воената командна структура, составена од Операциите на здружената команда и Трансформацијата на здружената команда.
НАТО има многу малку свои постојани сили. Кога Северноатлантскиот совет ќе се согласи да започне операција, членките учествуваат со воени сили на доброволна основа. Овие сили потоа се враќаат во нивните земји по завршувањето на мисијата.
Затвори




Пушти
Пушти
Пушти
Пушти
Пушти